Денес, петок, 3 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во западните делови врнежи од дожд. Температурата во Битола до 9 степени.
Утре, сабота, 4 јануари, во Битола времето ќе биде претпладне променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, и од снег во повисоките места и на планините. Попладне облачноста ќе се намалува. Температурата во Битола до 5 степени.






