Вечерна на платото пред Офицерски дом во Битола во рамките на 15. ден на “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола за прослава на Новогодишните и Божикните празници настапи битолската група “Оскар“.
“Чаршијата е Битола“ беше насловот на вечерашниот концерт на група “Оскар“.
Битолчаните, членови на “Оскар“ испеаја популарни македонски песни кои публиката ги прифати и заедно со нов запеа.
Претходно свој настап имаше експериментален рок бенд “Tsar Von Time“, битолчани го проследија настапот на “SinteticSAX Ekipata“, а настапија и членовите на група “Серенада“ исто така од Битола.
За утре, сабота е планиран настанот во организација на мото-клубот “Конзули“ од Битола, кој како и во сите светски метрополи, и во Битола, духот на празниците добива сосема нова димензија – со моторџии облечени како Дедо Мразовци! Благодарение на “Taskforce“, американско-македонската компанија која го разбира значењето на заедништвото и радоста, и “МК Конзули“, овој празничен караван ќе го исполни вашиот ден со насмевки, адреналин и магија. Настанот ќе заврши спектакуларно на плоштад “Магнолија“, кај лизгалиштето, каде што најмалите ќе добијат подароци од Дедо Мразовците.
Вечерната програма пред Офоцерски ќе започне со новогодишни песни и настап на “Дуо Латино“. Ќе следува настап на групите “Нала Бенд“ и “City Band“.











