Press "Enter" to skip to content

За Бадник – мајка роди тројка во “Плодност“

-Две братчиња и сестричка родени во болница “Плодност“ во Битола

Со голема храброст и љубов, мајката на свет донесе три мали ангели, на ден кој симболизира љубов, семејство и заедништво. Таа е во одлична здравствена состојба, пресреќна и благодарна што на свет донесе ваков благослов.

-Со методите на асистирана хумана репродукција (АРТ), пациентката имаше успешно изведена инсеминација – која помогна во остварувањето на овој прекрасен момент. Со методите на хумана асистирана репродукција го зголемуваме наталитетот, вели прим. д-р Таше Трпчевски.

-Денес сме сведоци на едно од најубавите чуда што медицината и животот можат да ги подарaт. Нека празничната магија продолжи во нивниот дом! им порачаа на среќното семејство од болницат “Плодност“.