Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пожар во викендица во “Градско поле“, приведување за дрога

На 06.01.2025 во 14.45  часот  во СВР Битола било пријавено дека на место викано “Градско поле“ во Битола настанал пожар во викенд куќа, сопственост на И.К. (71) од Битола. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, при што,  повредени лица нема. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 06.01.2025 во 09.45 часот, полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршиле претрес во дом на 42 годишник во Битола, при што е пронајдена и одземена грутчеста материја. Лицето е  приведено во полициска станица Битола, а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.