Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно, температурата до 14 степени

Денес, среда, 8 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно. Во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 14 степени.

Утре, четврток, 9 јанаури во Битола времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Температурата во Битола до 14 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »