Градоначалникот Коњановски денес одржа работна средба со претставниците на зимската служба, со цел координирање на активностите во очи на најавените врнежи од снег следните денови.
На работниот состанок присуствуваа сите релевантни претставници, претставници на општинските јавни претпријатија, “Македонија пат“, “Стрежево“, како и МВР, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување.
Градоначалникот Коњановски ја истакна важноста од непречено и ефикасно спроведување на предвидените активности преку целосно навремено организирање и функционирање на зимската служба.
На денешната средба се донесоа значајни заклучоци во однос на координација на активности на општинските јавни претпријатија, “Македонија пат“, ЈП “Стрежево“ и ЕСМ “Молика“, со цел ефективно справување со врнежите од снег и овозможување на проодност на патиштата во градот, населените места, како и патните правци до скијачките центри “Копанки“ и “Стрежево“ и секако регионалните патишта и превои, како и патот до граничниот премин “Меџитлија“.

Општина Битола: работна средба со претставниците на зимската служба
More from ВестиMore posts in Вести »
- Положено цвеќе на споменикот на Св. Климент во дворот на УКЛО Битола (фото)
- ОУ “Свимент Климент Охридски“ Битола го одбележа својот патрон (фото)
- Во Битола облачно со повремен дожд, температурата до 10 степени
- Достоинствен омаж за Патронот “Слово Љубве“ на УКЛО Битола и Горната гимназија, упатени силни пораки за образованието, јазикот и младите (мега фотогалерија)
- Општина Битола: презентирани дел од решенијата за изработка на физибилити студија за голдола





