На 14.01.2025 во 16.25 часот во СВР Битола, А.Р. (35) од Битола пријавил дека на работното место како обезбедување во Градски пазар во Битола бил физички нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 14.01.2025 во СВР Битола било пријавено дека во с.Долно Оризари, битолско, настанал пожар во помошна просторија од куќа, сопственост на М.Р. (71) од село Долно Оризари. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.






