Press "Enter" to skip to content

Битолскиот театар со два плакати на Сашо Илковски на 8. Меѓународно биенале во Вараждин, Хрватска

НУ Народен театар Битола учествува со 2 избрани плакати во вкупна селекција од 50 најдобри плакати во официјалниот каталог на осмото издание на Биеналето на театарски плакати во Вараждин 2025 и истите ќе бидат изложени во изложбениот салон на Сермаж Палас ГМВ и Галерија „Златен ангел“ во Вараждин од 24 јануари – 16 февруари 2025 година.

Зад дизајнот на плакатите стои Сашо Илковски од НТБ. Илковски досега има креирано околу 35 плакати.

-За плакатот на претставата „На дното“, креацијата дојде од разговор со режисерот, темата на претставата и искористените реквизити во самата претстава. Се совпадна со тоа што сопругата ми работи во лабораторија кај крвта. Плакатот на 9.Шекспир фестивал, требаше да биде минимализам… во боите на логото (црвено, сиво, црно) ,имав 3 решенија, а конечното го избравме заедно со НТБ,  вели Сашо Илковски.

Креативноста и посветеноста кон визуелната уметност на Народниот театар Битола, повторно се истакнуваат на меѓународно ниво. Во 2009 година, Хрватскиот народен театар во Вараждин го промовираше БИЕНАЛЕТО НА ТЕАТАРСКИ ПОСТЕРИ, кое се одржуваше редовно до 2021 година. Досега на изложбите имало околу стотина избрани плакати, а
заедно со изложбата, испечатен е и репрезентативен каталог во кој се застапени сите театри кои испраќаат плакати.

8.издание на биеналето, кое се организира оваа година во коорганизација на Хрватскиот народен театар во Вараждин, Градскиот музеј Вараждин и галеријата „Златен ангел“, под покровителство на градот Вараждин, кој доделува парични награди на авторите за најдобрите први три плакати.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »