Press "Enter" to skip to content

Кирил Лазаров: натпреварот излезе тотално надвор од контрола, ова личеше на сè, ама не на натпревар од Светско првенство!

На официјалната прес-конференција по натпреварот Македонија – Холнадија во Вараждин зборуваше македонскиот селектор Кирил Лазаров кој беше видно незадоволен. Тој нагласи дека е тешко да се одигра натпревар во кој речиси 20 минути имаш играч помалку, но и треба да браниш 12 пенали.

-Уште вчера кажав дека нè очекува тешка борба и знае да не понесе еуфорија. Знаев што нè очекува, иако се надевав на позитивен резултат. Требаше да ја искористиме таа позитивна атмосфера и самодовербата што ја имаа играчите. Но, не секогаш, пресметките се исти дома и на пазар што се вели. Секој натпревар е различен. Натпреварот излезе тотално надвор од контрола. Личеше на сè, само не на еден меч од Мундијал, на официјален меч на Светско првенство. Колку и да не сакам да зборувам и да се правдам поради нешто, но ривалот имаше дванаесет пенали.-Колку и да е подобар противникот,  тешко е како тренер да се води тимот со дванаесет пенали против вас. Ние имавме скоро дваесет минути со играч помалку. Тешко е да ги браниш со оглед на нивната игра, седум на шест, а особено со играч помалку. Ако не дадеш гол, веднаш ти даваат, тоа е скоро па сигурно, а дури и кога си комплетен имаш проблем. Им реков на момците дека мора да се бориме, повеќе пати го кажав тоа. Брзите контри на Холандија и играта со брз центар се неодбранливи, на чело со организаторот Стеинс. Се обидовме и бевме близу. Направивме грешки во првиот дел, а во тие моменти ја направија таа разлика. Пробавме со фластер на Стеинс, пробавме и да се вратиме и назад со плитка зона, едноставно се обидовме со сè. Петар е неискусен играч, има само 21 година и во таа ситуација мораше да го остави. Џонов добро го замени, одигра доста интелигентно. Сепак, со толку исклучувања и пенали… Сега ни останува да се подготвиме за Гвинеја“, изјави Лазаров.

Фото: Дамијана Ристевска

More from СпортMore posts in Спорт »