Четириесетина студенти од УКЛО Битола учесници на Работилницата за подобрување на политиките за еднаквост, различност и инклузивност на универзитетско ниво ги споделија искуствата од претходно одржан дводневен, интерактивен настан. Работилницата се одржа на Правниот факултет при УКЛО Битола.
Тие се изјаснија дека структурираното решавање на проблемите е корисно како техника за секој општествено – социјален предизвик. И ако за нив ова е новина, поттикнува креативено размислување за проблемот, се постигнуваат иновативни решенија и учесниците се вклучуваат во заедничка работа како дел од поширок сојуз на европските универзитети за актуелни и чувствителни теми за еднаквост, различност и инклузија.
Вака утврдените ставови, студентите од УКЛО ги искажаa во специјален прашалник наменет за испитување на нивните мислења за успешноста на работилницата и ефектите што треба да се постигнат: како може да се подобрат политиките за едноквост, различност и инклузија на УКЛО.
Учесниците работеа во групи со претходно подготвени материјали. Секоја група развиваше решение за одреден проблем инициран од студентите, со примена на методологија позната како IDEATE (Inclusion and Diversity Education through Applied Design Thinking for Equality), којашто нуди Дизајн размислување – Design Thinking, подготвена на ниво на Алијансата, координирана од претходно оспособени обучувачи на ниво на КОЛОРС.
Академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска и раководителот на пакетот, проф. д-р Горан Илиќ, оценуваат дека вредните ставови на студентите од УКЛО ќе се споделат со нивни колеги од партнерите во работниот пакет 5 од Алијансата. Очекуваат дека нивните мислења ќе дадат значаен придонес и ќе имаат важна улога во работата на Алијансата КОЛОРС, во делот за адресирање на критичните прашања за еднаквост, различност и инклузија.

Со нова методологија студентите од УКЛО КОЛОРС креираaт иновативни решенија
More from ВестиMore posts in Вести »
- Територијалната противпожарна единица Битола: по 33 часа изгаснати подметнати пожари во осум села
- СВР Битола: физички напад врз обезбедувач во казино, малолетничко насилство, битолчанка пријавила лице кое се соблакувало пред неа
- Во Битола денес започнува првиот фестивал посветен на чалгијата, пајтонско дефиле во 18 часот
- Општина Битола: дежурства на инспекторатот и за неработни денови и викенди
- Во Битола сончево, попладне можност за нестабилност, температурата до 30 степени





