На 20.01.2025 во 00.30 часот во село Добрушево, општина Могила, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода 30 годишник од село Мусинци, битолско, затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 19.01.2025 во 17.45 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 30 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 19.01.2025 во 10.00 часот во СВР Битола, Р.Т. (52) од Битола пријавил дека во поранешната касарна во Битола, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.






