Press "Enter" to skip to content

Надминат праг на алармирање во Битола, предложени мерки

-Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150  µg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Битола

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри  (надминување на вредноста од 150  µg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Битола – Битола 2.

Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година).

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мернoто место и деновите  каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Битола 2

21/01/2025

172.17

22/01/2025

160.05

*концентрациите се изразени во µg/m3

СОГЛАСНО НАСТАНАТАТА СОСТОЈБА, ЗА БИТОЛА ВАЖАТ СЛЕДНИТЕ МЕРКИ:   

-Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола

-Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати

-Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци

-Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила

-Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата

-Забрана на горење на отворено

-Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар

-Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот

-Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

More from ВестиMore posts in Вести »