Ненад Трајковиќ е тренерот што ќе го води Пелистер од Битола во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона денес пристигна и по првото запознавање со кошаркарите вечерва во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола го одржа и првиот тренер.
На кошаркарите им го претстави членот на Управата, Марјан Илиевски, Трајковиќ во своето прво обраќање кон кошаркарите им рече:
-Сакам прво да ви кажам неколку збора. Тука, во Битола дојдов да направам резултат, да бидам прв. Ние сме овде едно семејство и имаме иста цел, да бидеме прваци. Но, затоа мораме многу да работиме. Јас сум голем ентиузијаст и можам да ви ветам дека ќе дадам се од себе да ви дадам верба дека вие можете да бидете први и да ви всадам самодоверба во играта. Ќе тренираме добра и сигурно и ги гарантитам дека после нашата заедничка работа сите ќе бидете подобри кошаркари.
–Ќе тренираме многу и ќе работиме многу. Од вас само барам кога оваа битолска публика ќе биде во салата и последниот на трибината, најгоре, да види и почуствува голема енергија која не може да се надополно со било каква индивидуална работа, а тоа значи сите да бидеме како еден, да бидеме силен тим, додаде Трајковиќ.
Утре ќе биде и официјалното претставување на Ненад Трајковиќ во клубските простории, а првиот натпревар на Пелистер со новиот тренер ќе биде в недела против Гостивар.
Текст и фото: С.Ристевски











