На 28.01.2025 во 17 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 64 годишен лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско.
Кај него биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани. Лекарот е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава.






