Press "Enter" to skip to content

Денес е петок, ден највен за бојкот на маркетите поради високите цени

За денеска во Македонија најавен бојкот на маркетите поради високите цени. Хрватите пред една недела направија целосен бојкот на маркетите, поради високите цени, а „вирусот“ се пресели и во Македонија.

-Повикуваме на масовен бојкот. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања, стои во повикот на социјалните мрежи.

Драстично високите цени предизвикаа незадоволство кај граѓаните во земјава и регионот. По повикот на социјалните мрежи денес граѓаните нема да купуваат и да ги користат услугите на маркетите, со цел да испратат јасна порака до одговорните за оваа економска состојба.

-Повикуваме на масовен бојкот. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања,“ стои во повикот на социјалните мрежи.

Бранот на бојкот започна во Хрватска на 24 јануари. Денес освен во Македонија бојкот на продавниците има и во Босна и Херцеговина каде граѓаните повикаа на бојкот на продавници, бензински пумпи, кафулиња и ресторани како израз на незадоволство од високите цени и нискиот животен стандард. Бојкот на супермаркетите и продавниците има и во Црна Гора.