Трибини, едукативни предавања, работилници, креативни настани за подигање свесност против зависности: интернет зависност и социјални мрежи, дрога, алкохол, пушење… едукација против насилство од сексков вид, вандализам. Низ сите основни и средни училишта во Битола …, ова се дел од активностите содржани во Програма на
Општинскиот совет за детско престапништво – Битола за 2025 година.
Нивна цел е да се спречи ризично однесување и влегување во престапништво. А младите својата бунтовна енергија да ја изразуваат на креативен начин, преку уметност, спорт, дружење, емпатија…
На првата седница од новата година која се одржа на 31.01. 2025 членовите на Советот за превенција од детско престапништво, дискутираа на повеќе точки од дневниот ред, но најголем акцент се стави на Програмата за 2025 година која се разгледуваше и беше усвоена едногласно.
Жанета Ристевска претседавач на ОСПДПБ ни изјави:
-Ова ни е прва седница на ОСПДПБ за оваа година. Мило ми е што сме повторно во голем број присутни тука со голем ентузијазам за да продолжиме со активности на нашиот Совет и оваа година. На оваа седница ќе се даде Извештај за реализираните активности од претходната година кои може да кажеме дека беа многу успешни и предизвикаа голем интерес. И оваа продолжуваме со трибините низ средните и основните училишта на теми поврзани со зависности.
Во пракса тоа е т.н примарна превенција која вклучува едукативни трибини низ училишта за тоа кои видови дрога постојат, како делуваат, колку се штетни, кои се последиците. Исто така тука се алкохол и пушење.
Дека зависноста од алкохол, дроги и психотропни супстанции доведуваат до зголемена потреба на финансиски средства што предизвикува зависникот да се јави како сторител на кривични дела од различен вид (кражби, недозволена трговија со наркотични средства) кривични дела во сообраќајот како и други казниви дела.
Низ основните училипта овој принцип е засновен на идеја за вакцинација, да им се пријде на младите пред да бидат изложени на алкохол, дроги, пушење, при што да им се даде права информација со која ќе бидат отпорни на нудење на дрога, алкохол ако се најдат во таква ситуација.
-Во нашата Програма за 2025 едукативни работилнизи за подигање свесност за Интернет зависност, злоупотреба, за правилно користење на социјални мрежи. Особено подигнување свесност за предизвиците на социјалната мрежа Тик Ток, истакнаа на првата седница.
-Општинскиот совет за превенција од детско престапништво Битола го сочинуваат 25 членови, кои ни доаѓаат од различни институции : МВР, Центар за социјална работа, Обвинителство, Адвокатска комора, преставници од основни и средни училишта : психолози, педагози, наставници., невладин сектор, медиуми. Секој на свој начин дава активен придонес во нашите активности, додаде претседавачот на Советот Жанета Ристевска.
Членовите од работната група за организирање трибини низ училиптата во Битола : Каролина Димеска- МВР, Даниела Стерјева – ЦСР Силвана Дејаноски- Основен суд, Митко Бошевски- Адвокатска комора, Арјона Исовска, Сашо Кочансковски психолози кажаа Сите ние на различни начини придонесуваме во овој Совет на доброволна основа и волонтеризам и даваме свој придоинес во локалната средина.
-Нашите активности се : органзирање на трибини, едукативни предавања, работилници на кои од наш аспект и стручност ги запознаваме за последиците од ризично однесување. Со цел да спречиме младите да влезат во ризично однесување и престапништво. Сите ние се залагаме против насилство, булинг, сајбербулинг, вандализам и зависности како дрога, алкохол и цигари, својата бунтовна енергија младите да ја изразуваат на креативен начин, преку уметност, спорт, дружење, емпатија…, беше речено на состанокот.
Фото: Дамијана Ристевска





