Денес, директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Емилија Стефановска Давкова им подели енциклопедии и ваучери за бесплатно членство во нашата Библиотека на учениците Емрулах Емруловски, Давор Ванчовски и Марко Пердуловски, како признание за нивната хуманост.
-Тројцата наши мали сограѓани покажаа вистинска добрина кога на улица му пружија помош на беспомошно лице. Овој чин на сочувство е потврда за вредностите кои се учат и негуваат во нашето општество. Нивниот пример ни покажува дека малите дела на добрина можат да имаат големо влијание на заедницата, порачаа од Библиотеката.
ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола им помогна на дечињата при новниот хуман гест со давање за насоките и поддршка, помагајќи им да знаат како да постапат во такви ситуации. Учиме од најмладите! Нивната хуманост не познава граници!

Емрулах, Давор и Марко добија мали награди за нивното големо хумано дело од Библиотеката
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Новаци со ново специјално возило за собирање и транспорт на комунален отпад – кипер грајфер!Општина Новаци со ново специјално возило за собирање и транспорт на комунален отпад – кипер грајфер!

- СВР Битола: 18 годишна девојка возела без возачка дозвола, прилепчанец приведен за марихуана
- Денес 11. седница на Советот на Општина Битола
- Џенкинс: Пелистер ме доведе за вакви мечеви, можеме до триумф и во Скопје
- Во Битола сончево и топло, попладне услови за дожд, температурата до 25 степени




