Press "Enter" to skip to content

Отворена изложбата на фотографии “Идни спомени“ на Дамијана Ристевска (фотогалерија)

Синоќа во фоајето на Центарот за култура во Битола во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години настава на современ македонски јазик во Гимназијата “Јосип Броз Тито” од Битола свечено беше отворена изложбата на фотографии насловена “Идни спомени” на ученичката Дамијана Ристевска од четврта година. 

Дамијана Ристевска низ нејзините фотографии со уметнички израз ги претставува ликовите низ социјалната средина во Гимназијата. Преку нејзините фотографии може да се почуствува атмосферата и енергијата која владее насекаде низ Гимназијата :  холовите,  училниците,  дворот, училишната библиотека. На тој начин остава спомени за во иднина кои ќе зборуваат за интерсни моменти и ликови низ истата. На отворањето на изложбата пред голем број на ученици, професори и љубители на фотографијата зборуваше професорката Емилија Ристевска Стефановски, која рече: Многу ми е мило што сме собрани тука во чест на еден грандиозен  настан 80 години современ литературен јазик и настава на македоснки јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а тоа е една голема приказна на нашето школо и за градот, и за сите битолчан.  Во рамки на него голем број активности кои се органзирани овие денови голема чест ми е да ја најавам изложбата насловена „Идни спомени“ на нашата ученичка од четврта година Дамијана Ристевска. Дамијана  ги детектира и ги забележува интерсните моменти од животот а преку тоа го претставува секојдневието низ гимназијата. Сите тие фотографирани моменти ќе останат како незаборавни спомени за во иднина.  Таа сликовито ги пренесува преку своите фотографии, а  вечерва може да ги видите низ изложбата „Идни спомени“.Ова е нејзина четврта изложба по ред и низ сите нив таа остави  белег и трага, односно нејзините  фотографии ќе бидат спомени за иднина кои ќе зборуваат на посебен начин за атмосферата низ нашата гимназија. Дамијана Ристевска оваа година е матурантка и продолжува по својот пат понатаму, но се надевам дека и во иднина ќе имаме нови ученици кои ќе сакаат да фотографираат  и ќе продолжат да ги забележуваат интересните моменти од животот низ нашата гимназија.Сега би сакала да го повикам и нејзиниот ментор професорот по ликовна уметност Александар Поповски да каже повеќе за нејзината работа. Александар Поповски професор по ликовна уметност се обрати кон присутните Уште од прва година имав чест да и бидам ментор на Дамијана Ристевска. Многу ми остави впечаток нејзната љубов кон фотографијата. Таа често доаѓаше со фотоапаратот на училиште и фотографираше на настани поврзани со гимназијата. Но морам да истакнам дека покрај  талентит кај неа имаше и голема  посветеност и работа, џзатоа низ годините се гледа нејзиниот раст и напредок  низ нејзините изложби. Тоа го докажа со оваа последната каде може веднаш да се види дека има доста „сенз“ да ги опфати некои моменти на нејзин специфичен начин.  И посакувам уште многу успеси и вакви изложби.  Директорката Лидија Споа ја отвори изложбата.  Инаку на фотографката Дамијана Ристевска оваа и е четврта по ред самостојна изложба под менторство на професорот по ликовна уметност Александар Поповски, а била дел од од шест групни изложби. -Ова е моја четврта по ред самостојна изложба во рамките на јубилејот 80 години настава на современ македонски јазик. Изложбата е инспирирана од моето секојдневие во мојата Гимназија. Претставена е енергијата и атмосферата низ Гимназијата која може да се осети на фотографиите. Фотографирани се моите соученици и професори во училниците, низ холовите, во библијотеката, во спортската сала и секаде низ училиштето. Изложбата се состои од 20 црно бели фотографии кои ги означуваат “идните спомени” кои ќе останат во нашите срца. Се надевам дека овие незаборавни моменти кои ги фотографира ќе останат како белег на нашите прекрасно поминати 4 години заедно во училишните клупи. Фото: Сашо Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »