Press "Enter" to skip to content

Свечена академија “80 години настава на македонски јазик во Горната гимназија во Битола (фотогалерија)

Денес во големата сала во Центар за култура во Битола се одржа свечена академија по повод 80 години настава на македонски јазик во Горната гимназија во Битола, а ова последната активност на учениците и нивните ментори, професорите…На свечената академија присуствуваше претседателката на Република Македонија – Гордана Силјанова – Давкова, која во своето обраќање нагласи дека пред 80 години одекна првиот час на современ македонски јазик во училниците на битолската гимназија “Јосип Броз Тито“ како глас што се распламти, како идеја што се втисна, како светлина што го осветли патот на идните генерации. Гордана Силјанова – Давкова во своето обраќање додаде:-Македонскиот народ, македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот идентитет се неразделен квартет. Каква моќна меморија и порака има оваа гимназија. На првиот час се рецитирале Миладинов и Рацин на мајчин јазик, на македонски според стандардите што ги пропишал нашиот значаен, најзначаен лингивист и македонист Блаже Конески. Како претседателка и долгодишна професорка, како некоја која својот живот го посветила на образованието, горда сум на вашите достигнувања. Вие сте вреден и посветен колектив на даскали во најубавата смисла на зборот. Успесите што ги споменав се потврдени со бројни и значајни одликувања, награди и признанија. 80 години се зад нас, но пред нас се нови столетија.-Ѕвончето што на 6 февруари 1945 година го означи првиот училишен час на македонски јазик, продолжува да одекнува. Почестена што сум што токму на овој јубилеј ми ја доделувате плакетата за особен придонес во развојот на македонскиот јазик и затоа порачувам, мораме да си го сакаме, негуваме и чуваме македонскиот јазик оти така ќе го сочуваме нашиот заеднички дом, Македонија.

Директорката на гимназијата “Јосип Броз Тито“, додели златни плакети на претседателката на Република Македонија – Гордана Силјанова – Давкова и на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој во своето обраќање рече:-Особена чест и горсор е да биде вечерва тука на оваа свечена академија која со својата содржина ги обединува минатото и сегашноста, интелектуално исцртувајќи ги патеките кон напредокот, кон новото време. Темелите на успехот се создаваат со само со добро знаење, познавање на сопствениот идентитет, јазик, култура, традиција. Знаењето за нашата богата историја е она што ги гради нашите човечки вредности и не поучува, оврзува и насочува кон нашиот придонес како академски граѓани и градители на татковината. Битола е град кој во себе сочувал големо културно и историски наследство, а гимназиката “Јосип Броз Тито“, мојата гимназија, е меѓу најважните институции во Битола, затоа што токму оваа образовна институција е една од првите гимназии во Македонија во која на денешен ден, пред точно 80 години, започна де се изведува настаната на македонски јазик.-Низ годините, низ училишните клупи, поминале генрации успешни луѓе, инженери, архитекти, професори, научници, едуцирајќи се и образувајќи ги новите генерации станале вистински промотори на Битола и Македонија низ светот. Во основа на сите стекнати знаења лежи моќта на јазичното изразување кое создада соодветна нарација, го открива непознатото и ја креира убавината која треба да биде дел од нашето опкружување. Горди на постигнатите успеси продолжуваме да бидеме афирматори и промотори на нашиот македонски јазик кои ни овозможил да започнеме да разбираме промените околу нас. Одбележувањето на ваков јубилеј истовремено ги сублимира впечатоците на многу генерации, потсетува на личниот печат на секој печат кој го оставил во својата институција.Директорката на Гимназијата, Лидија Споа во свото обраќање рече:

-На 6-ти февруари 1945 година во просториите на Гимназијата се одекнал првиот збор на мајчиниот современ македонски јазик во образовниот процес. Чин што значеше повеќе од настава тоа беше момент на прогласување на слободата, потврда на духовната автентичност и отварање на патот кон културна еманципација. Оваа година 2025тата ја одбележуваме 80 годишнината од овај историски момент. 8 децении од првиот час изведен на македонски јазик. 6ти февруари е симбол на непокорот, на борбата на еден народ за зачувување на правото на јазичен израз како суштински елемент за самоиндетификација. Македонскиот јазик кој то дој момент беше принуден да тлее под сенките на овај ден доби своја светлина. Јазикот е живо ткиво на колективната душа простор каде што се слеваат сите нишки на културата, историјата, филозофијата на животот. Македонскиот јазик како сила која ги обединува индивидуалните гласови на колективната мелодија стана доминантна нота во симфонијата на македонската духовност. Во текот на 80 години Гимназијата израсна во матрица на генерации кои со својот печат ја дефинира нејзината суштина како место на креативна и академска зрелост. Гимназијата останува столб на заедницата место каде се гради иднината, се почитува минатото и се остава простор за нови идеи и перспективи, и додаде:-80 години успех се доказ за нејзината важност и трајност како центар на знаењето, културата и духовното богатство. Оваа гимназија е повеќе од образовна институција. Угледот и успесите на Гимназијата ги потврдува фактот што тука завршиле осумнаесет академици од Ману, шест народни херои, градоначалници, ректори, декани, конзули, познати лекари, архитекти, јазичари, правници, уметници, економисти спортисти. Гимназијата е симбол на борбата за културна сувереност и е место каде иднината се пројектира низ призмата за сегашноста.Директорката на битолската гимназија Лидија Споа им додели плакети и на претседателот на МАНУ академик Живко Попов, на академик Владо Камбовски.-Посебна чест ми е што сум присутен на оваа свечаност. Најнапред би сакал да го честитам денот на одржувањето на првиот час на современ македонски јазик во Гимназијата. Денот кој претставува еден голем придонес во конституирањето на образованието како еден од симболите на македонската државотворност во ова време. Денес 80 години после овај значаен настан во Гимназијата “ Јосип Броз Тито” претставува една од најзначајните средношколски институции од посебен опшествен интерес во нашата држава која со децении наназад со својата квалилетна настава, едукција и воспитување создава млади кадри генерации на ученици кои се подготвени да се справат со современите предизвици од сите области на опшественото живеење, рече претседателот на МАНУ академик Живко Попов.

Текст: Сашо Ристески

Фото: Дамијана Ристевска и Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »