Press "Enter" to skip to content

Договорено: во Битола во септември ќе гостува младинската фудбалска репрезентација на Италија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ денеска имаше средба со фудбалските великани од Битола како што се Митко Стојковски, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски и Сашо Здравевски, на која што беше потврдено дека со изградбата на новата трибини, како и со поставувањето на рефлекторите стадионот “Петар Милошевски“ во Битола доби нов лик, но и услови за одигрување на големи натпревари. 

На средбата се разговарало за актуелните фудбалски состојби во Битола и регионот. Од развој на младите до гордоста на Битола, ФК Пелистер, се до стадионот “Тумбе кафе” како база за младите македонски репрезентации.

Во соработка со градоначалникот на општина Битола, ОФС Битола и претседателот Златко Талевски, планот на ФФМ е Битола и “Тумбе кафе” да бидат домаќини на Македонија до 21 година! 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »