Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: опожарено “бмв“, полицијата одзеде четири пушки, на депонија пронајдена стара артилериска граната

На 06.02.2025 во 08.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„25“ во Битола било опожарено патничко возило „бмв” со битолски регистарски ознаки, сопственост на 28 годишник од Битола. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат. Увид извршила екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 05.02.2025, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, полициски службеници од СВР Битола извршиле  претрес во дом и помошни простории на 20 годишно лице во с.Трап, битолско. При претресот биле пронајдени и одземени четири ловечки пушки, една воздушна пушка и куршуми за пушки од различен калибар. По целосно  документирање на настанот, против лицето ќе следува соодветна пријава.

На 06.02.2025 во 07.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на депонија „Мегленци“ во општина Новаци била пронајдена артилериска граната со калибар 75мм, која потекнувала од Првата светска војна. Гранатата била  безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »