Press "Enter" to skip to content

Училиштето во Бистрица ќе добие нова спортска сала на местото на културниот дом

Некогашниот руиниран културен дом во населеното место Бистрица, повторно ќе стане привлечно место за спортски и културни активности. Објектот кој иако е поврзан со училишната зграда, со која делат заеднички двор, од 1984 година не е во функција, а низ годините неговата состојба се повеќе се влошуваше.

На барање на жителите на населеното место Бистрица, локалната самоуправа, изготви проектна документација за реконструкција на објектот, а денес започнаа работните активности со кои оваа зграда ќе добие целосно нов лик и функционалност, враќајќи го детскиот џагор, поттикнувајќи го натпреварувачкиот и спортски дух кај младите и создавајќи можности за реализација на културни содржини.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, при денешниот увид на терен, нагласи дека, на овој начин се создаваат нови можности за младите, но и за повторно заживување на околните населени места.

-После 41 година, овој објект на вкупна површина од 386 м², ќе добие мултифункционалност. Со архитектонскиот проект, предвидена е замена на класичните конструктивни елементи со современи, а просторната организација на објектот интегрира спортски активности со примена на иновативни решенија. Согласно габаритите на постојниот објект, просторните целини ќе се организираат во две доминантни целини: приземје (приближно 280м²) и галерија (приближно 100м²). Приземјето ќе биде поделено на две функционални целини и тоа: мултифункционален простор за спортски активности и помошни простории во функција на тој простор. Галеријата, ќе ја задржи својата намена, како гледалиште за културни манифестации. За овој проект, како локална самоуправа инвестираме 37.599.966 денари и нашата тенденција е да овозможиме негова максимална функционалност, токму онака како што и најавивме, согласно нашите програми за работа“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

More from ВестиMore posts in Вести »