Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер убедливо ја започна новата 2025 сезона (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Куманово 46:26 (25:12)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола одлично ја започна во првиот официјален натпреавр, во новата година и пред својата публика во Битола триумфираше над Куманово со 46:26, полувреме 25:12, во натпревар од 17. коло од суперлигашката конкуренција.Со оваа убедлива победа Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога, а на теренот доминираа десните крила Богдан Радивојевиќ и Ненад Костески кои дадоа 11, односно девет гола.“Пелистерци“ на свој терен не му дозволи на ривалот да наорави ништо повеќе од пораз, а тренерот Раул Алонсо им даде шанса на сите ракометари да настапат, a разликата меѓу двата тима беше евидентна.Првите минути од натпреварот беа изедначени, се со 4:4, а потоа Еурофарм Пелистер направи серија од 9:0, и дојдоа до 13:4, и со тоа се беше јасно во “Боро Чурлевски“. До полувремето, Еурофарм Пелистер имаше предност од 25:12.

Вториот дел беше само рутински да се одработи, а тоа го искористија ракометарите да играат според советите на Алонсо, а сите ракометари ја истористоја приликата која им беше дадена. Продолженито беше само полесен тренинг за Еурофарм Пелистер, кој дополнително ја зголеми разликата за +20.Најдобар стрелец кај “пелистерци“ беше Богдан Радивојевиќ со 11 гола, пред Ненад Костески со осум гола, додека Филип Кузмановски запиша шест гола. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »