Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: аscites -асцит

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за аscites – асцит, за што вели:

-Aсцитес или насобирање на течност во перитонеалната шуплина е најчеста компликација на црнодробната цироза поради зголемен притисок во порталната вена и преминување на течноста од крвните садови во стомачната шуплина. Етиолошки поретки причини за асцитес се конгестивна срцева слабост, хронична бубрежна инсуфициенција, инфекции и тумори или метастатски депозоти на црниот дроб, црева или пелвичните органи матка јајници.

Клиничка манифестација на асцитесот е различна  од надуеност на стомакот,скратен здив,слабост до стомачна болка отоци итн.

Дијагностичка процедура со која се детектира насобирањето на течност во стомачната шуплина е  различна по волумен и форма анехогеност околу хепар слезинка субдијафрагмално, можи да се користи компаративно и други imaging техники како  КТ МРИ на абдомен, парацентеза – тенкоиглено отсранување на течноста од перитонеалната шуплина како и дијагностичко испитување на содржината.

Терапевтски се користи најчесто  диета со ниска содржина на сол диуретици пред се фуроземид во високи дози, парацентеза до сложени хируршки интервенции ТIPS.

More from СоветиMore posts in Совети »