На 09.02.2025 во 05.07 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. “Даме Груев“ во Битола настанал пожар во куќа на сопственост на 42 годишник од Битола.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.






