Press "Enter" to skip to content

Со панихида за Ростковски и полагање на цвеќа на Рускиот крст во Градскиот парк одбележан Денот на руската дипломатија (фотогалерија)

Денес на споменикот Руски крст, кој се наоѓа во Градскиот парк во Битола беше одбележан Денот на Руската дипломарија, а на одбележувањето присуствуваше амбасадор на Руската Федерација НЕ Сергеј Александровиќ Баздникин и почесен конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.На Рускиот крст кои се поклонија и дугите присутни на споменот на Александар Аркадиевич Ростковски, руски конзул во Битола, кој во 1903 година беше убиен токму на ова место.Одбележувањето на Денот на руската дипломатија започна со панихида за Александар Аркадиевич Ростковски и сите починати дипломати на Руската федерација, со која чиночалствуваше Владиката Петар, кој потоа рече:-Битола како конзулски град се покажал и докажал дека тука се водела големата и вистинската дипломатија во тоа време, во времето на Отоманската империја. За нас Македонците ова е мошне значајно затоа што придружникот на конзулот Алекандар е нашиот познат и може да се рече и основополошник на современиот литературен јазик, Крсте Петков Мисирков, кој бил како еден вид домашен или семеен учител или поточно воспитувач на децата на конзулот. Тоа е значајно и поради тоа што секако во тоа време, ние Македонците кои не сме можеле да основаме држава покрај сите обиде подолго време, од Самоила се во Втората  светска војна во тоа време Русија ни давава можност да можеме таму да ги искажеме сите наши потреби за самостојна држава, за свој јазик, за свој идентитет, за своја нација… Тоа било во тие познати Руски кружоци и списанија, каде објавувале нашите познати преродбеници…Свое обраќање имаше и амбасадор на Руската Федерација Сегеј Александровиќ Баздникин  кој прво им се заблагодари на Владиката е свештениците за панидидата и рече:Мило што денес ве гледам сите на церемонијата на положување на свежо цвеќе ма споменикот, Руски крст во Битола, и ви благодарам на сите кои сте тука на овој настан на кој му придаваме големо значење. Денес во Русија и ширум светот руските дипломати го славар денот на руската дипломатија. Вработените во Руската дипломатка служба во сите времиње се одликувале со висока професионалност и најдобри морални квалитети, длабока љубов кон татковината, голема грижа за интересите на Русија, доследно го спроведуваат политичкиот курс и исполнување на задачите кои ги поставува раководството на земјата, на чело со претседателот Владимир Путин, а тоа е наша дожност. Им оддаваме почит на починатите колеги, пред се оние кои се починати на должност. Еден од нив е рускиот конзул Ростковски кој загинува на македонска земја, а неговото убиство во 1903 година предизвика голем револт. Познато е дека Ростковски искрено се грижел за судбината на Христијаните во Македонија и ги поддржувал во борбата за слобода. Неговиот придонес во развој на националната свет го ценат и битолчани, и по тој повод е подигнат Рускиот крст, и тоа два пати, за што сме многу благодарни, што го чувате споменот на рускиот дипломат. Го цениме вниманието на властите и граѓаните за оджување на споменикот во соодветна состојба, и додаде:-Им се обраќам на нашите македонски пријатели присутни тука. Ова е период кој не е нималку лесен во односите меѓу нашите земи, но не е наш избор, Убеден сум дека тоа му е добро познато на братскиот македонски народ, со кого не обединуваат вековните врски на пријателство и меѓусебно почитување, засилени со заедничка православна вера, духовно и културно сродство, словенски корени, испреплетување на човечките судбини… Чувствуваме пријателски односи и симпати икон Русија буквално на секој чекор и високо го цениме ваквото однесување на луѓето. Сето ова може да помогне да се обноват врските кога условите ќе бидат соодветни.Денеска цвеќе полжија и се поклонија на делото на Ростковски во Македониј и Велимир Стојковски – почесен руски конзул во Охрид, Даринка Крстановска – поранешен почесен руски конзул во Битола, амбасадорот на Босна и Херцеговина – Драган Јакимович, воениот аташе на НР Кина полковникот Зунин, пратеникот на “Левица“ – Реџеп Исмаил, пратеникот на Демократска партија на србите Драган Недељкович, советничката во Советот на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ Лидија Павловска, градоналникот на Прилеп, претставници на “Лукоил Mакедонија“, здружението за македонско-руско пријателство и регионалното здружение за македонско-руско пријателство, наши руски сограѓани…Познато е дека крстот бил подигнат двапати. Првиот пат – во 1936 година, но беше демонтиран по Втората светска војна. Во 2003 година, споменикот беше подигнат повторно – по повод 100-годишнината од смртта на Александар Ростковски.

Александар Ростковски пак на македонско тло дошол во 1895 година, време кога македонската национална свест забрзано се изградува под налетот на злосторствата на Османлиите. Ростковски помагал на христијанското население, а неговите дописи во матичната земја се сведоштва за неправидите на кои било изложено македонското население.

Текст и фото: С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »