Press "Enter" to skip to content

Работна седмица на петтемина битолските ракометни судии, денес браќата Илиевски во Чешка

Петтемина битолски ракометни судии кои имаат ЕХФ квалификации оваа седмица беа делегирани од Европската ракометна федерација на три ракометни меѓународни натпревари.

Методија и Михајло Илиевски судиски пар од Битола денес, по делегирањето на ЕХФ,  ќе го судат мечот што ќе се игра во Чешка, во натпревар од четвртфиналето во Европскиот Куп. Во женскиот Европски Куп ќе го судар првиот четвртфинален меч меѓу чешката Хазена Кинзварт и исландскиот Хаукар. Натпреварот на кој делегат е Гркот Сиску, е закажан за 15 февруари во „Продукт Арена“ во градот Чеб, со почеток во 16:00 часот.

Претходно, Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 11 коло од Лигата на шампионите. На списокот се најдоа и македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија нова задача во елитното натпреварување. Тие го судеа двобојот меѓу унгарскиот ПИК Сегед и хрватскиот Загреб што ќе се игра во „ПИК Арена“.

И битолчанецот Даниело Божиновски, заедно со Виктор Начевски добија доверба од ЕХФ да го судат дербито на колото, односно во  првото коло од главната рунда во Лигата на Европа. Тие го судеа германскиот двобој меѓу тимовите на Мелсунген и Кил што може да го одлучи првото место во групата. Натпреварот меѓу Мелсунген и Кил се одигра во „Ротенбах Хале“ во Касел. 

More from ВестиMore posts in Вести »