Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: малолетниви фатени со марихуана, пожар во Бистрица, малолетничко насилство

На 14.02.2025 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Битола во паркот во близина на  ОУ „Стив Наумов” во Битола лишиле од слобода двајца малолетници бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава. 

На 14.02.2025 во 10.37 часот во СВР  Битола, Ј.С. пријавил дека настанал пожар во куќа во село Бистрица, сопственост на К.М. (73) и М.М. (85) од  с.Бистрица. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Битола, при што повредени лица нема.

На 14.02.2025  во 16.30 часот во СВР Битола, А.Ц. (43) од битолско село пријавил дека  неговиот малолетен син бил заедно со неговите соученици во дворот на училиштето и истиот бил удрен со тврд предмет од страна на друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »