-Пред 10 години голем број битолчани дадоа јавната поддршка на платформата на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), кое во Битола одржа и трибини во Домот на културата, а претходно масовно го ставија својот потпис за поддршка, во драматично време за нашата држава, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Во Граѓанското движење за одбрана на Македонија членуваат историчари, научници, професори, новинари, глумци и други интелектуалци, а на трибината во Битола порача дека одбраната на парламентарната демократија во државата е услов за европска интеграција на Македонија.
Граѓаните присутни на трибината дадоа свои мислења за одбраната на Македонија и македонскиот народ, држава и идентитет, како и силна поддршка на ставовите изнесени од излагачите на трибината.
Претходно во Битола, во име на ГДОМ зборуваш режисерот Љубиша Ѓоргиевски во своето обраќање истакна дека не го прифака кодошкиот менталитет на опозицијата и соработката со странски служби, а во движењето членуваат еминентни историчари, научници, професори, новинари, актери, режисери, уметници и други интелектуалци.
Движењето пред 10 години одржа трибини во неколку градови во Македонија.

Деновиве пред 10 години: во Битола трибини на движењето ГДОМ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “југо“ во Драгор
- Деновиве пред 10 години: основано здружение за одржлив развој на Мариово, досега изработени 400 проекти (фото)
- Деновиве пред 10 години: по неуспешната 4. продажба започна пропастот на Детското на Пелистер (фото)Деновиве пред 10 години: по неуспешната 4. продажба започна пропастот на Детското на Пелистер (фото)

- Четврта детска трка “Trailko“ за крај на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ Битола, победници сите дечиња (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на битолската и македонската адвокатура (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Годинава најдолгите „Илинденски денови“, 56. издание од 14 до 31 јули во Битола
- СВР Битола: приведен возач возел со 1.78, промили алкохол, приведување за нарушување на ред и мир, тешко повреден млад возач на мопед
- Мултимедијалален перформанс „A tree is a tree“ во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- Во Битола сончево, температурата до 32 степени.
- Над 1.400 гранати и бомби од Првата светска војна пронајдени кај поранешната касарна во Битола









