Денес фудбалерите на Пелистер ја започнуваат пролетната сезона, а прв натревар кој ќе се одигра во Битола е натпреварот против екипата на Брера.
За овој натпревар тренерот на Пелистер, Срџан Захариевски вели:
-Тешко е секогаш на првиот натпревар кој го има тренерот со нов тим, но тоа е така. Имавме добро подготовки, се подготвувавме добро и покрај сите здравствени проблеми. Се надевам на добра промоција на овој тим на Пелистер пред своја публика во Битола, а тоа значи и победа која сите ја посакуваме.
Инаку, екипата на Пелистер подготовките ги започна во Битола, дел одработи во Охрид, а завршницата повторно во Битола. “Пелистерци“ одигра и пријателски натпревари.
Пелистер на зимскиот преоден рок донесе четири засилувања.










