По 42 години, Анте Костелиќ и неговата сопруга Марица, повторно се во Битола. Денес остварија средба со битолскиот градоначалник Тони Коњановски во неговиот кабинет, при што најмногу разговараа за ракометните успеси на градот во изминатите години.
Анте Костелиќ година и пол во тогашно време беше на чело на ракометниот клуб Пелистер, кој од втората лига се префрли во најелитното југословенско клубско ракометно друштво.
Заедно со градоначалникот Коњановски, евоцираа спомени од минатото за квалитетот на ракометниот клуб Пелистер, за тоа како неговиот син Ивица за прв пат застанал на скии на Тумбе Кафе и како неговата сопруга Марица играла за ЖРК Пелистер. Костелиќ го пофали и модерниот ракомет кој што сега го игра Еурофарм Пелистер, а за тоа сведочат и големите домашни и меѓународни успеси на клубот.

Анте Костелиќ на прием во кабинетот на градоначалникот Коњаковски
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бендот “КОД 369“ од Битола настапи во Македонскиот културно-информативен центар во Софија
- Еурофарм Пелистер поразен во Охрид, со многу поддршка од Битола во “Билјанини извори“(фотогалерија)
- “Муза 2“ свечено промовирана во Офицерскиот дом во Битола (фотогалерија)
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 11 степени
- КУД “Илинден“ – Битола прослави 70 години постоење, за крај голем јубилеен концерт (фотогалерија)





