Јавното претријатие “Паркинзи“ од Битола, соопшти дека се затвора лизгалиштето кое беше позтавено на плоштадот “Магнолија“, и додава:
-Почитувани Битолчани. Изминатите 60 дена се дружевме со лизгалиштето поставено на плоштадот Магнолија. Илијадници посетители се стекнуваа со нови вештини, а некои од нив ги обновуваа. Сепак од вечерва го затвораме лизгалиштето до наредната прилика. Со тоа се затвора и последната од многуте активности на оваа Зимска приказна која оваа година понуди се за сите. Објектот ќе остане на место неколку дена додека акумулираниот мраз безбедно не се растопи. Ви благодариме за посетеноста.






