Фудбалскиот клуб Конзули ветерани од Битола викендов играат на меѓународниот фудбалски турнир “Erima Tour“ во Хрватска на островот Раб, а ќе се игра на 22 и 23 февруари.

Овој пат, за разлика од претходниот турнир, на турнирот учествуваат 26 екипи, кои се поделени во 8 групи, и тоа од домаќинот Хрватска, Македонија, Словенија, Италија, Австрија, Србија и Босна и Херцеговина. Конзули ветерани се во група со Росенборг од Србија и Дервента од Босна и Херцеговина.
-Се надевам на добри резултати, иако порадо зимата и обврските на сите помалку трениравме. Но, за нас, како и претходно кажуваме, не е тоа во прв план. Најважно е дружењето надвор од теренот, новите пријателства, вели Горан Кулевски, кој е задолжен за организацијата на екипата и патувањата.
Директор на турнирот е Игор Ѓорѓевиќ од Словенија, а промотори на турнирот се Мауро Каморанези, Александар Митровиќ, Немања Матиќ и Перица Огненовиќ.
“Erima Tour“ ќе трае до пролет кога и ќе се игра финалето. Првиот турнир ќе се одигра на терените на хотелот “Падова“. Наградни фонд за секој турнир е 1.000 евра, а вкупно за оваа сезона за награди се обезбедени 7.000 евра.
Екипата на Конзули ветерани доби понуда од организаторите да биде домаќин на еден од турнирите, а за брзо време ќе им одговорат дали ќе го прифатат предизвикот Битола да ги угости сите екипи.









