Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј загуби во Купот

Фит Фан Волеј – Пелистер Волеј 3:2

(21:25; 17:25; 25:15; 25:18; 15:12)

Во 1/4 финалниот дуел од купот на Македонија во одбојка екипата на Пелистер Волеј од Битола беше на чекор до 1/2 финалето, имаше водство од 2:0 во сетови и одлична предност во 5. решавачки сет.

-Одбојкарите одлично го отворија одличувачкиот сет со 5:1, на измена на страните отидовме со предност од 8:3, а имавме и фантастични 12:08 но на крајот, помалку неверојатно не успеваме да собериме храброст да го завршиме натпреварот во наша полза и го загубивме сетот со 12:15, вели тренерот Роберт Митковски, и додава:

-Можиме да правиме разни анализи и веројатно би биле во право ако вината за поразот ја лоцираме во нас, но, а доколку ние победевме дефинитивно тоа немаше да е сензација туку сосема заслужено би биле дел од најдобрите четири екипи во Македонија.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »