По подолго време вечерва во Битола екипата на Еурофарм Пелистер донесе победа против екипата на Димано Букурешт, за радост на ракометарите и навивачите во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола.
Во текот на целиот натпревар публиката од двете трибини обединета со ракометарите ги бодреше, посебно во моментите кога се “кршеше“ резултатот и се потврдуваше победата.
Но, последната одбрана на голманот, битолчанецот, Никола Митревски, го донесе тоа што сите го посакуваа, победа, нови бодови…
Потоа сите заедно, обединети, кога енергијата на навивачите се смеша до енергијата на ракометарите, сите заедно прославија, останаа да слават заедно подолго време по завршувањето на натпреварот.
Ова е само генерална проба за она што не очекува во понеделник, кога се игра дербито на колото Еурофарм Пелистер и Алкалоид, битолчани чекаат победа, а ракометарите ќе имаат голема поддршка од битолчани.

Победа за радост на ракометарите и публиката, генерална проба за понеделник против Алкалоид (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- На 16 седници, 14 редовни и 2 вонредни, советниците имале 475 дискуции, донеле 171 одлука…
- Уапсени тројца битолчани, со оружје затекнати во строго заштитена зона на Пелистер
- Не чекајте совршена идеја или момент: пријавете се за „Почнување бизнис во време на AI“
- Меѓународниот ден на младите во Битола беше одбележан со креативност, едукација, дружење и многу младинска енергија
- СВР Битола: физички напад со тврд предмет, 19 годишник возел мопед без возачка
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер и со втора победа на подготовките, совладана словенечката Крка
- КК Пелистер го доведе и Лука Савиќевиќ
- Еурофарм Пелистер со победа ги започна котролните натпревари
- Божиновски и Начевски ќе судат мундијалско полуфинале за кадети во Романија
- Американецит Камрон МекДауел е нов кошаркар на Пелистер










