Press "Enter" to skip to content

16 одбрани на Митревски клучни за Еурофарм Пелистер да дојде до победа над Динамо во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Динамо Букурешт 25:24 (12:13)

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од Битола останува во игра за осминафиналето на Лигата на шампионите, откако го победи Динамо Букурешт со 25:24 во драматичен натпревар, во кој херој на битолчани беше голманот Никола Митревски, кој успеа одбрани 16  удари кон голот на гостинските ракометари.Сепак, одлучувачки и најважен беше последниот кој ги упати Зеин во последните секунди од натпреварот, кога Митревски му ја фати “жива топка“, а со тоа започна и големата радост на публиката во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола.Еурофарм Пелистер константно водеа, и во еден квалитетно одигран натпревар дојдоа до нови бодови во Лигата на шампиони.Битолчани на стартот на натпреварот дојде до 4:2, потоа беше и 7:4, а имаа и 11:9. Еурофарм Пелистер не постигна гол во последните шест минути на првото полувреме. Со три гола во низа на Станчу, Ѓукиќ и Вујовиќ, Динамо Букурешт го сврти мечот и на пауза замина со 12:13.И во второто полувреме Еуерофарм Пелистер имаше криза во игратат, но Никола Митревски “фати“ два пенали и ги остави соиграчите во игра. По кратко време имавме тајм-аут на Раул Алонсо, по кој работите се променија. Од 13:15 за Динамо имаше, по серија од 3;0 за “пелистерци“ додје до пресврт 16:15. Потоа се играше изедначено на гол или два оредност за Пелистер, но во тимот на “зелено-белите“ блескаше Никола Митревски меѓу стативите.Погодуваа Филип Кузмановски и Павле Атанасијевиќ, а преку Тајник, Еурофарм Пелистер дојде и до 19:17 на средина на второто полувреме. До крајот беше неизвесно но се чуству апе дека Пелистер ја имаше контролата, Во завршницата се влезе со 23:23, а потоа и 24:24. Пелистер дојде до +2. Во последната минута Пелистер влезе со гол предност и напад. Хосни загуби топка. Дејвис на дваесетина секунди повика тајм-аут, но Никола Митревски го одбрани последниот напад, а тоа беше победа за битолчани.Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Домен Тајник со шест гола, а Филип Кузмановски и Богдан Радивојевиќ погодија по пет пати.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »