Македонија Макс – Пелистер Волеј 0:3
(09:25; 10:25; 07:25)
Екипата на Пелистер Волеј од Битола на гостувањето во Струмица, како и на јавија, забележа лесна и убедлива победа над екипата на Македонија Макс со резултат 0:3 по сетови.
Натпреварот, првенствен, рутински, а само прашање беше кога ќе се случи победата во натпревар во кој немаше некаква убавина, но сепак пристапот за сите играчи беше на највисоко ниво. Четири одбојкарки беа двоцифрени.
Најефикасна беше Антонија Стојковски со 16, следуваат Лиле Лозановска 13, Ивана Белокозовска 12, Мила Андоновска 11, Марија Димитровска 8 и Искра Стефановска 2.









