Тиквеш – Пелистер 1:2 (0:0)
Фудбалерите на Пелистер од се радуваа на победа на гостувањето во Кавадарци и со три бода се враќаат во Битола, откако со пресврт по водстото на Тиквеш од 1:0. Првата победа на Срѓан Захариевски како тренер на Пелистер донесе и три бода битни за опстанокот во лигата.
Првото полувреме помина без некои сериозни шанси кај двата клуба, а одбраната на Пелистер не дозволи да биде надиграна. Од другата страна “пелистерци“ имаа неколку обиди, но ништо конкретно за прв гол на натпреварот.
Второто полувреме започна со обидот на Тарасенко. Во 64. минута бележиме одлично додавање до Миловановиќ кој постигна лесен гол водство на Тиквеше од 1:0.
Во 85. минута нафрлена топка во шестаесетникот на Тиквеш испрати Јорданчо Наумоски, а голманот Купанов ја промаши и топката падна директно во мрежата за 1:1. Послед три минути Пелистер дојдоа до водство со голот на дефанзивецот, Александар Ристевски, кој после центаршутот на Вилфан Кери, со глава одлично биеше за 1:2.
Тиквеш се обиде во “судиското време“ но Пелистер се одбрани.
По 20 одиграни кола екипата на Пелистер е на 7. место со 23 бода,










