Eкипите на Дирекцијата за заштита и спасување пронајде 206 стари гранати од Прва светска војна, а акцијата за нивно извлекување беше два дена.
Старите гранати се пронајдени во текот на работата на спроведување на топловодниот цевковод од крстосницара кај “Бела Чешма“ до училиштето „Тодор Ангелевски“ Битола.
Пронајдените огнени објекти се однесени во депото на Дирекцијата и се очекува нивно уништување според прописите.






