Press "Enter" to skip to content

Прес-конференција по повод добиената заедничка кандидатура на УКЛО Битола и УКИМ Скопје за организација на EUROCRIM 2027

На 25 февруари 2025 година, во Ректоратот на УКЛО Битола се одржа средба со медиумите посветена на добиената заедничка кандидатура на Правниот факултет при УКЛО и Правниот факултет „Јустинијан Први“ од УКИМ за организација на најголемата светска конференција за криминологија – EUROCRIM 2027.Кандидатурата според ректорот, проф. д-р Игор Неделковски предизвикува восхит бидејќи станува збор за историски настан за Правниот факултет, за Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и за македонската правна струка.Одлучувачкиот успех на заедничката кандидатура на правните факултети при УКЛО и УКИМ не само што ја потврдува репутацијата на двата македонски универзитети во областа на правните науки, туку и ја отвора можноста за интернационална соработка и размена на знаења.Проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ истакна дека ова е уште една потврда за континуитетот во етаблирањето на Правниот факултет и перманентната поддршка што УКЛО ја дава во меѓународниот напредок на неговите единици, истакнувајќи дека EUROCRIM претставува исклучително престижен настан и интегрира бројни ресурси.На средбата, деканката на Правниот факултет при УКЛО, проф. д-р Светлана Вељановска ги претставни членовите од УКЛО во локалниот организациски комитет, професорите Ангелина Станојоска, Ице Илијевски и Ивона Шушак Лозановска, кои ја истакнаа важноста на добиената заедничка кандидатура за организација на конференцијата EUROCRIM 2027 и ги споделија своите очекувања и амбиции за успешно организирање на настанот.Посочено е дека подготовките ќе бидат во тесна соработка со колегите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ: Гордана Лажетиќ, Александра Груевска Дракулевски и проф. д-р Бобан Мисоски и секретарите на конференцијата: Кире Бабаноски, од Факултетот за безбедност – Скопје при УКЛО и доц. д-р Елена Мујоска Трпевска од МАНУ.Заедничката организација со најстариот Правен факултет во Македонија според професорите од УКЛО е потврда дека правните факултети на државните универзитети не треба да се гледаат како конкуренција, туку треба да работат заедно, за подобра иднина на науката кај нас.Инаку, EUROCRIM е најзначајната и најголема конференција за криминологија на светско ниво, на која секоја година учествуваат повеќе од 1.800 истражувачи, експерти и практичари од целиот свет. Организацијата на оваа конференција во 2027 година ќе претставува огромна чест и можност за македонската академска и научна заедница.Конференцијата претставува важен настан за развојот на криминологијата, каде се разменуваат најновите истражувања и иновации во областа на криминалната правда. Нејзиното организирање и одржување претставува голема чест и одговорност што ќе има важен импакт во развојот и интернационализацијата на УКЛО, на локалната и националната академска заедница и ќе ги постави темелите за подобра интеграција на Македонија во глобалната научна заедница.

More from ВестиMore posts in Вести »