Press "Enter" to skip to content

Раул Алонсо: Наша цел ни е да одиграме на највисоко ниво во Берлин

Денес екипата на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер од Битола го игра претпоследниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, во рамките на “А“ групата. Битолчани гостуваат во Германија, а ќе играат против бундеслигашот Фуксе Берлин.

Тренерот Раул Алонсо имаше пофалби за ривалот и кажа дека за нив ова ќе биде голем предизвик.

-Февруари е брутален, но така е за сите екипи. Фуксе Берлин го има истиот проблем со заморот како и ние. Тие пред неколку дена играа со Флензбург во Бунделсигата. Навистина играат добро. Сепак, навикнати сме, малку имаме време да уживаме по одличниот домашен натпревар и среќен сум што напорната работа се исплатува. Секој трет ден играме натпревар, сега патуваме за Германија, ни следи натпревар со врвна екипа и светска класа на ракометари. Наша цел ни е да одиграме на највисоко ниво во Берлин. Завршивме одлична работа во последните неколку месеци, освоивме многу бодови и достигнавме ниво да се натпреваруваме на високо ниво на домашен терен и сега предизвик е да се покажеме така добро во гости. Има полесни натпревари од овој во Берлин, но кога играте во Лигата на шампионите секој натпревар е тежок, и додава:

-Го познавам Фуксе Берлин многу добро. Скоро дваесет години го градат овој проект на паметен начин. Секогаш имале врвна екипа, пред неколку години играат Ф4 на Лигата на шампионите и сега се во момент кога се борат за трофеите во Германија и целат кон учество на завршниот турнир во Европа. Потпишаа некои врвни ракометари, го имаат најдобриот светски ракометар, го продолжија договорот со него и не е коинциденција што се толку добро. Во состојба се да се натпреваруваат за сите трофеи. Ќе биде тешко да се игра против нив, но треба да се концентрираме на нашата игра и да одиграме на ниво.“, изјави Раул Алонсо.

Дуелот меѓу Фуксе Берлин и Еурофарм Пелистер се игра од 20:45 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »