Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер со нов кошаркар, американскиот центар Галовеј е ново име

Кошаркарскиот клуб Пелистер успеа да договори квалитетно засилување во рекетот, откако денеска и официјално беше потпишан договорот со Џонатан Галовеј, 209 сантиметри висок кошаркар кој веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Трајковиќ.

Зелено-белите“ работеа напорно за време на репрезентативната пауза за да ја надминат резултатската криза и да влезат во топ-ритам токму за клучниот дел од сезоната. Новиот тренер имаше доволно време низ тренинзи да ги наметне своите методи, а раководството на Пелистер ги исполни барањата на Трајковиќ, да доведе нови квалитетни решенија за двете клучни позиции во тимот, поентерската со ангажманот на Џеремаја Гамбрел пред куп-пресметките, и центарската со овој трансфер на Галовеј.

Последен клуп на Џонатан Галовеј беше Пеќ во шампионатот на Косово, а 28-годишниот центар има богато искуство од клубови ширум Европа, откако претходно има настапувано и во Чешка, Швајцарија, Кипар, Финска, Турција…

Галовеј доаѓа како засилување за центарската позиција, откако претходно редовите на Пелистер ги напушти Мајк Едвардс.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »