Press "Enter" to skip to content

Признанија за студентска извонредност и сестраност доделени на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (фотогалерија)

На 27 февруари 2025 година, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола организираше свечена манифестација под наслов „Студентската извонредност – сјајот на УКЛО“. Доделени се признанија и награди за најдобрите и нaјактивните студенти на Универзитетот.Манифестацијата им беше целосно посветена на студентите кои се истакнале не само во академските дисциплини, туку и во воннаставни активности.Награди беа доделени во три различни категории на 43 студенти на прв циклус студии, кои учествуваа во Kонкурсот организиран од Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина.Признанијата се доделени за исклучителни постигнувања, како потврда за посветеноста и трудот на студентите во нивниот академски и професионален развој.Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, истакна дека наградите се потврда за важноста на високото образование и преданоста на студентите кон својата иднина, како и посветеноста на Универзитетот да ги поддржи и афирмира оние студенти кои се истакнуваат со своите постигнувања.-Сметаме дека на овој начин ги мотивираме најдобрите студенти да бидат уште подобри во исполнубањето на своите наставни задачи и да бидат активни во заедницата и во воннаставните активности, воедно да им укажеме на средношколците дека студирањето на УКЛО е предизвик, да добијат европска настава,квалитетена настава во рамки на КОЛОРС и низа поттикнувачки активности во текот на студирањето, рече Неделковски.Наградите за извонредност и сестраност беа доделени од страна на проректорката, Јасмина Буневска Талевска, додека проректорите Цветко Андреески и Горан Илиќ ги врачија признанијата за категориите: Највисок просек во студирањето и Најдобар труд на годишната студентска конференција.Покрај тоа, на седум студенти им беа доделени сертификати за учество во специфични активности, како работилници и обуки во рамките на проектот КОЛОРС.Оваа европска Алијанса, како што посочи академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска, има за цел да поттикне развој на иновации и мултикултурни вредности, како и соработка на глобално ниво.По повод пригодата, ректорот Неделковски на в.д амбасадорот на Народна Република Кина, Ксу Леи му додели благодарница, а гостинот доби и пригодна колекција од УКЛО КОЛОРС.„Студентската извонредност – сјајот на УКЛО“ беше настан кој го истакна потенцијалот и талентот на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и потврди дека УКЛО продолжува да гради европска академска средина, во која се цени трудот, извонредноста и сестраноста на студентите.Манифестацијата се одржа во кино „Манаки“ во Битола и беше вистински пример за признание за успехот и посветеноста и визијата на студентите на Универзитетот.

More from ВестиMore posts in Вести »