-Синоќа 1 ви март 2025 година слаткарницата “Сагар“ прослави 30 години постоење како бренд кој постои од 1 март 1995 година. На исто место, со ист квалитет на своите торти и слатки кои се подготвуваат за различни пригоди.
-Јубилејот го прославија со своите најблиски, роднини, пријатели, деловни партнери, клиенти.
“Васина торта“, “Чоколадна“, “Бела“, “Реформ“, “Урма“, “Смоква, “Чоколадна“… се торти подготвени од старите пишувани рецепти низ тетратките на нашите прабаби, баби, мајки… со автентичниот препознатлив вкус и мирис. Се подготвувале дома ја претставуваат традицијата на македонската жена и домаќинка во Битола, а тие ги подготвувале дома, така било, домаќински.
За многумина нивниот вкус и мирис асоцира и враќа во детсвото на кое се присетуваме кога ги јадеме.
Слаткарницата “Сагар“ е меѓу првите слаткарници кои започнале да ги подготвуваат торти по традиционални рецепти за комерцијална употреба и продажба за разни поводи свадби, родендени и други фамилијарни веселби.
Успешна приказна на фамилијарен бизнис кој трае 30 години. На 1 март 2025 прослава на јубилејот 30 години во обновен дуќан во пастелни, слатки бои.
Заслужни за отварањето на слаткарница “Сагар“ Николина и Златко Трајковски емотивни по повод јубилејот 30 години “Сагар“ успешна приказна. Низ нашиот разговор се присетија за почетоците на овој бизнис кој со годините прерасна во бренд и фамилијарен.
На своите почетоци се присетија и рекоа:
-Најпрво уште во 1993 година кога се започнуваа мали приватни бизниси, започнавме во мала слаткарница “Пикант“ со неколку масички и работилница во пазарот. Се сеќавам со мојата колешка работевме по 3 смени и до 20 часа дневно за да престигнеме бидејќи немавме други вработени. Тоа беше бизнис на подготвени торти од старински рецепти од тетратките на нашите баби, мајки… а сега за комерцијална продажба. Морам да споменам дека најпрво за продажба ги подготвуваше, декорираше во домашни услови г-ѓа Рада Петрова Раца. Сите се воодушевуваа од нив, вкусот и декорациите прекрасни.
–На почетокот ги имавме само традиционалните торти “Васина“, “Бела“, “Смоква“, “Урма“ од тетратките на нашите баби, мајки, но подоцна внесовме и новина на кремасти торти и овошје како “Еврејска“, “Фстак торта“, “Нестле“ и кремасто – овошни, потенцираат Николина и Златко.
Слаткарници “Сагар“сега има во Битола и Ресен…
-На 1 март 1995 година ја отворивме слаткарницата “Сагар“ на ова место на плоштадот “Магнолија“ каде сите битолчани и пошироко ја знаат. Цел овој период од 30 години растевме како препознатлив бренд за подготовка на нашите торти по автентични рецепти. Ги правиме традиционално со матени жолчки на пареа, тоа одзема време, но квалитетот и вкусот е добро познат.
За една Нова година не чекаа клиенти пред врата…, а битолчани од две генрации ги купуваат нашите торти.
-Традицијата на “Чоколадна торта“ во “Сагар“ со препознатлив вкус на најпопуларна и најбарана сите овие години. Ќе нагласам дека најпопуларна сите години и најбарана е “Чоколадната“ торта. Се сеќавам за една Нова година не чекаа клиенти пред врата, се чекаше ред, не можевме да ги опслужиме сите. Ќе кажам еден пример кога таткото кој за неговиот прв и други родендени ја нарачува “Чоколадната“ торта и сега повторно за роденеден на својот син, која и нему му е омилена. Се пренесува од колено на колено
традицијата, вели Николина, која додава дека цело време растеле како бренд, а во 2003 година се отвори слаткарница “Сагар“ во Ресен која ги опслужува нивните клиенти од таму.
-Денес “Сагар“ е фамилијарен бизнис кој ќе го продолжат помладата генерација, моите ќерки, зетови откако јас ќе се пензионирам, но се разбира секогаш ќе бидам тука со совети од работата.
За вработените во слаткарница и работилница “Сагар“
-Се разбира дека сите вработени во слаткарницата и работилницата го претставуваат брендот “Сагар“. Ќе кажам дека има и во слаткарницата и во работилницата вработени од отворањето, што значи 30 години се лојални кон брендот. Голем дел работат по 15 – 20 години што се разбира кажува за лојалноста кон “Сагар“, но зборува и за нашиот однос кон нив. Сето ова придонесува да “Сагар“ прерасне во бренд со квалитетот кој трае и ќе трае. Секако ние сме им многу благодарни на сите нив.
За крај фамилијата Трајковски испратија порака, а тоа беше и дел од обраќањето кон своите гости кои присуствуваа на јубилејот сечејќи ја свечената торта со одбележана триесетка.
-Среќни сме и возбудени што заедно со вас го одбележуваме и прославуваме роденденот на слаткарница “Сагар“. Денес се навршуваат 30 години од почетокот на патувањето на слаткарницата, поточно од 1995, период низ кој се развиваше и растеше од година во година заедно со барањата и потребите на нашите клиенти. “Сагар“ е фамилијарен бизнис што прересна во бренд во нашиот град и пошироко. Освен битолчани, тука се и нашите клиенти од “Сагар“ во Ресен.
-Во изминатиот период слаткарницата “Сагар“ учествуваше во повеќе хуманитарни, натпреварувачки и едукативни работилници од кои понесуваме пријателства и идеи за збогатување на „нашата слатка“ понуда и креативност. Досегашниот успех на “Сагар“ се должи на взаемна фамилијарна поддршка, труд и визија кон која неизоставно, придонесуваат и нашите вработени. Заедно не чекаат нови предизвици ! Па така на клиентите во иднина ќе им понудиме нов асортиман на нови трендовски торти и колачи со домашен вкус, кои ќе ги красат витрините во нашата слаткарница покрај класичните “Бела“, “Чоколадна“, “Васина“…! Нашата визија останува иста да продолжиме да бидме во домовите на клиентите и да ги збогатиме нивните фамилијарни веселби од понудата на слаткарница “Сагар“.
Жанета Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска






