Уште едно успешно коло за билјард клубот Лонгони од Битола, во второто од вкупно седумте кола од националниот шампионат во “Амерички пул“ билјард, дисциплина “9-ка“.
Елитните 16 или прволигашите играа во Струмица, каде се покаже дека играчите на Лонгони од Битола се фаворити. Во Струмица имаше лонгонско финале во кој настапија Христо Василевски и Илче Трајковски. Ако за шампионот Василевски е нормално да победи, за Илче е ова финале по подолго време и е многу добра работа како за него, за клубот и за билјардот во државата воопшто. Трајковски одигра добар турнир и без проблеми стигна до финалето каде што имаше и силен противник. Извонреден успех кој се надевам дека понатаму ќе придонесе често да го гледаме при врвот, а и ако се земе предвид дека треба да добие нова опрема па со тоа со самодовербата која веќе е на завидно ниво тоа и ќе се случува.
Игор Радичоски ги освои првите бодови, а Илија Димовски немаше добар настап.
Втората лига или официјално “Б“ дивизијата поради големиот број на играчи кој овојпат беа 72-ца на број се одржува во “Гран клуб“ од Скопје. Битолскиот клуб беше претставен од десет играчи, а овојпат најуспешен беше Никола Гроздановски кој беше бронзен. Ова е негов втор медал со иста боја од државните шампионати и се надеваме на уште многу вакви успеси. Прикажа многу добра и стабилна игра особено во полуфиналето иако тоа резултатот не го покажува, до крај беше смирен и ја држеше играта под контрола и со рутинска завршница го обезбеди местото на пиедесталот.
Од останатите играчи можеме до некаде да го споменеме настапот на Никола Стојановски, Наум Гулески и првите три победи на Петар Думевски. За Тони Петровски сеуште веруваме дека има потенцијал но тоа не е доволно за да кажеме нешто повеќе.
Ако ги земеме предвид настапите на неколкумина во двете дивизии, а ќе ги издвоиме настапите на Игор Радичоски кој ги освои и првите бодови, Илче Трајковски, Петар Думевски, Никола Стојановски, Никола Гроздановски кои ќе мораат да се размислуваат за малку поинаков пристап за турнирски подготовки, а не само работи од техничка природа.
Судии беа Битолската двојка Горан Думевски и Горан Петровски.











