Press "Enter" to skip to content

Средба на претседателството на Синдикатот со раководството на УКЛО Битола

Во Ректоратот на УКЛО Битола на 4 март 2025 г. се одржа состанок помеѓу ректорскиот колегиум, раководен од ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и претставници на претседателството на Синдикатот, предводени од проф. д-р Саша Дуковски.Средбата се одвиваше во конструктивен дух, со цел анализа на досегашните постигнувања и отворање на дискусија за натамошно унапредување на работничките права на вработените на универзитетот.Посебен осврт е направен на заедничкиот протест одржан пред една година, кога Универзитетот и Синдикатот со заеднички напори се изборија за повисоки и достоинствени плати во високото образование. Овој момент беше истакнат како пример за успешна соработка и синдикална солидарност, за што,  ректорот Неделковски, на синдикалниот лидер, професорот Дукоски, му додели Благодарница како признание за напорите на Синдикатот.Во текот на разговорот оценето е дека синдикалната борба претставува значаен чекор кон подобрување  и унапредување на економската состојба на сите вработени. Истовремено, од страна на раководството на УКЛО нагласено е  признанието на Синдикатот за будното следење на реалните потреби на вработените на УКЛО, како и за предизвиците со кои се соочуваат во извршувањето на своите професионални обврски.Во фокусот на разговорите беа  процесите на донесување нов закон за високото образование и нов Kолективен договор. Двете страни ја потенцираа важноста на навремена адаптација на Универзитетот кон законските промени, како и потребата за заштита на правата на вработените преку јасни и фер договорни одредби. Оценка е дека ваквите напори покажуваат дека постои свесност за значењето на постојаното унапредување на севкупните работни услови, што претставува клучен фактор за подигнување на квалитетот на наставата, истражувањето и целокупното академско работење.  Дополнително, на состанокот се дискутираа актуелните иницијативи за соработка помеѓу Синдикатот и ректорскиот колегиум.   Изразена е заедничка подготвеност за континуирана комуникација насочена кон синдикални одржливи решенија што  ќе го изразуваат најдобариот интерес за вработените, универзитетската заедница и високото образование.

More from ВестиMore posts in Вести »