Press "Enter" to skip to content

“BV Bussiness Group“ на поинаков начин го одбележа меѓународниот ден на жената 8 Март

Идејата за одбележување на 8 Март посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.

Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.Дамите во “BV Business Group“ секојдневно на работното место застануваат рамо до рамо со колегите од условно кажано посилниот пол. Наместо класична прослава за 8. Март, овојпат се одлучија да ги предизвикаат колегите и на кугларските патеки и “машки” ја фрлија ракавицата за спортски двобој.

Резултатот не е важен. На крај си подадоа рака и си ветија рамноправност како и до сега, како на работното место, така и надвор од него. За крај џентлменски си добија и цвет во знак на внимание и почит и заеднички наздравија за една поинаква прослава на 8 Март.

Текст: С.Д и Н.С
Фотографија: архива на “BV Bussines Group“