Press "Enter" to skip to content

Трајковиќ со порака до навивачите: Дојдете во сала против Работнички, заедно да се радуваме…

-Тренерот на Пелистер, Ненад Трајковиќ, посакува полна сала за дербито со Работнички, меч од голема важност во битката за висок пласман пред плејофот

-Во изминатиот период доведовме двајца нови кошаркари, две странски засилувања и сметам дека тимот на Пелистер сега има поголема сила. Се крена и нивото на „хемија во екипата“, атмосферата е одлична, сите кошаркари се почитуваат еден со друг, тимскиот дух е на навистина највисоко ниво. Во изминатиот период јас имав можност детално да се запознаам со сите кошаркари, ги знам сите нивни вредности и недостатоци во игата, ги запознав и од психолошки аспект и сигурно сега ми е многу полесно да ја водам екипата отколку во првите недели кога дојдов во Пелистер. Сигурно и на нив им е полесно бидејќи и тие го запознаа мојот начин на работа, се адаптираа на него, работиме напорно заедно и од ден на ден сме се подобри и подобри, се надевам дека на последните пет средби ќе одиграме одлична кошарка и на најдобар можен начин ќе го дочекаме стартот на плејофот“, вели Трајковиќ.

Денес во 19 чаот е големото дерби против Работнички, натпревар за кој српскиот стратег ја повика публиката да дојде во што поголем број и да им даде поддршка на неговите избраници.

-Подготвени сме за мечот со Работнички, наша цел е да одиграме на највисоко можно ниво и да победиме. Ситуацијата на табелата е таква што оваа победа ни е навистина потребна, затоа и ги повикувам нашите навивачи да дојдат и да ни дадат поддршка. Ова треба да биде вистинска домашна средба, што значи нашите навивачи да ни дадат ветер во грб, да бидат наш шести играч, тоа ќе биде многу важно за нас. Минатата седмица одигравме многу добар натпревар, се надевам дека повторно момците ќе бидат на највисоко ниво и со поддршка на навивачите ќе стигнеме до победата. Работнички исто како и нас донесе двајца странци, тие досега одиграа само еден меч, а според првичниот скаутинг очигледно е дека станува збор за квалитетни кошаркари. Со новиот центар добија сила во рекетот, но ние ќе се обидеме да го анулираме тоа, да ги истакнеме нашите предности во играта и на крајот да се радуваме заедно со нашите навивачи, истакнува тренерот на Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »