Денес, четврток, 13 март, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намали. Температурата во Битола до 23 степени.
Утре, петок, 14 март, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Температурата во Битола до 23 степени.






