Денес во реновираните простории на Студентскиот информативен центар (СИЦ) при Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола се одржа прв настан посветен на темата „Врсничко насилство во училиштата во Општина Битола“.
Како беше речено денес овој настан е важен чекор за подигнување на свеста за еден од најсериозните проблеми во образованието и за промовирање на реновираните простории на СИЦ како иновативен простор за креативност и колаборација.
Присутните имаа можност да се запознаат со адаптираниот простор на СИЦ, кој сега претставува колаборативен хаб – КОЛОРС простор. Ова место не е само за студентски активности, туку и значаен центар за соработка со образовни, општествени и владини институции, како и со бизнис секторот.
Првиот настан во обновените простории беше доказ за потенцијалот на овој простор да се трансформира во центар за важни општествени дискусии.
Тркалезната маса беше отворена од страна на ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, деканката на Правниот факултет, проф. д-р Светлана Вељановска, и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.
Тие ги поздравија иницијативите за справување со врсничкото насилство, истакнувајќи ја важноста на заедничката работа меѓу различните општествени чинители.
Во истражувачкиот тим, покрај професорите од Правниот факултет: Ангелина Станојоска, Ице Илијевски, Ивона Шушак Лозановска, како и експерти од ВМШ и Центарот за социјална работа од Битола, професорката Гордана Ристевска Димитровска и Елизабета Талеска.
Истражувањето кое беше презентирано на трибината, го анализираше врсничкото насилство во училиштата и неговите последици врз младите.
Прелиминарните резултати ја нагласија потребата од ефективни стратегии и програми за справување со оваа појава, со фокус на превенција и обезбедување на поголема безбедност за учениците.
Завршниот дел од настанот потврди дека заедничката работа на сите општествени чинители е клучна за успешната борба против врсничкото насилство.
Оваа трибина беше оценета како важен чекор во создавањето на поврзана и безбедна училишна средина, а соработката на УКЛО со различни институции ја истакна неговата посветеност на оваа актуелна тема.

Прва трибина за подигнување на свеста за врсничко насилство во реновираните простории на СИЦ Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Македонија поразена од Азербејџан во Битола ги заврши квалификациите за СП (фото)
- MINT започна со оперативен лизинг – Возете автомобил, а не грижи
- “Трчај бе“ донираше спортски реквизити за битолските основни училишта
- СВР Битола: безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од Драгор, приведување за семејно насилство, пријава за физички напад
- Rush Entertainment се подготвува за отворање на канцеларија во Битола: Планирани нови вработувања и проширување на тимот





